Струмичанката Семија Демова застана рамо до рамо со најголемите светски готвачи на интернационалниот наптевар во готвење кој оваа година се одржа во Тирана, Албанија. На Демова ова и е прв натпревар и го доби второто место кое ќе и биде отскочна даска во иднина за нејзината кариера.
„Многу сум среќна што конечно го остварувам мојот сон. Од моите 17 години започнав да се занимавам со готвењето и тогаш заполна мојата приказна со угостителството. Во иднина целосно ќе се посветам на мојата кариера“ – вели Семија Демова за Струмица Денес.
Тимот на Струмица Денес и’ го честита успехот и само напред!