strumica denes logo

НИ ТРАГА НИ ГЛАС ОД ИСЧЕЗНАТИТЕ МАРИЈА БРЗАКОВА И НИКОЛА МИЛЕВ!

Автор:

Датум:

март 17, 2022

Категории:

Хроника, Струмица

Автор:

Датум:

март 17, 2022

Категории:

Хроника, Струмица

Сè уште не е пронајден радовишанецот Никола Милев (27), кој на 18-ти ноември 2021-ва неговата сестра го пријавила за исчезнат.

Младиот човек кој престојувал кај својата сестра во Струмица, каде околу пет месеци работел во приватна фирма, излегол облечен во темни фармерки, црно-бела блуза и зимско темно палто. Телефонот му бил исклучен.

Ист е случајот и со дваесет и осум годишната Марија Брзакова исчезна на 18-ти јануари 2020-та година. Според информациите од блиските, била облечена во тренерки во темна боја, на нозете имала патики или влечки, со себе не носела ташна, мобилен или било каков документ. Висока е околу 160 сантиметри, средна градба, со долга костенлива коса, а исчезнувањето во полицијата го пријавил нејзиниот сопруг.

Препораки што можат да помогнат во случаи на исчезнати лица

-Доколку некое лице исчезне, контактирајте ги сите кои би можеле да го знаат местото на престој на исчезнатото лице.

-Соработувајте со полицијата, дајте ги сите информации за пријателите и роднините на исчезнатото лице, местата кои често ги посетува, здравствената состојба или начин на однесување во блиското минато

-Споделете ги карактеристичните размислувања на исчезнатото лице, неговите видувања за идни планови

-Не сокривајте информации од полицијата, бидете достапни – Обезбедете фотографија и дозволете и на полицијата да ја сподели со јавноста.

-Обратете се во најблиската полициска станица, полицискиот службеник за прифат или инспекторот по потраги ќе ги земе сите податоци кои се потребни

-Водете грижа за лицата кои имаат здравствени проблеми и страдаат од болести заради кои ја губат способноста за осознавање, не ги оставајте без придружба и надзор.