Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:
Со задоволство денеска бевме домаќини на тематската средба што ја организираше министерот за земјоделство Љупчо Николовски со земјоделците и откупувачите на зелка и директорите на државните институции од оваа област.
На средбата се разговараше за пласманот на зелката по актуелните случувања со војната меѓу Русија и Украина. Се бара и Владата на Република Северна Македонија ќе најде решение.
Голем број семејства од нашиот регион егзистираат од земјоделство, произведуваат храна. Заслужуваат сигурен пласман и добра цена за нивниот труд.