Струмичанецот Борче Цветков со поддршка од лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски, беше назначен за нов претседател на СДСМ во Струмица.
Цветков доби поддршка и од градоначалникот на општина Струмица, Коста Костадинов:
„Ние не сме тим затоа што само работиме заедно! Ние сме тим затоа што ние се почитуваме, си веруваме и се грижиме едни за други. Нека е со среќа претседателе!“
Инаку, Борче Цветков доаѓа на местото на Марјан Даскаловски кој долги години раководеше со струмичкото СДСМ.