Уредникот на Струмица Денес Јане Киров и младинскиот работник Никол Клесова поддржани од Јуроп Хаус-Струмица (Europe House), започнаа серија со предавања за заштита и препознавање на интернет насилство (Сајбер булинг) во повеќе основни училишта низ југоистокот.
Сајбер насилството е онлајн однесување што претставува или води до напад врз благосостојбата (физичка, психолошка, емоционална) на поединец или група. Она што го разликува сајбер насилството од останатите форми на насилство е тоа што во првиот случај, одреден значаен дел од однесувањето се случува онлајн, иако тоа може потоа да се пренесе во офлајн контексти. Така, сајбер насилството може, но не мора, да има физичка компонента, а голем дел од штетата предизвикана од сајбер насилството – како и од офлајн насилството – е психолошка и/или емоционална (што не значи помалку реална или деструктивна).
Јане и Никол исто така вршат и истражувања во врска со сајбер булингот врз тинејџерите и истото ќе биде објавено веднаш по завршувањето на предавањата.