strumica denes logo

ЗЕЛЕНСКИ ЈА КРИТИКУВА ЕВРОПА ЗА СЛАБ ОДГОВОР И ГО ПОВИКА ВЛАДИМИР ПУТИН НА ПРЕГОВОРИ!

Автор:

Датум:

февруари 25, 2022

Автор:

Датум:

февруари 25, 2022

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја критикуваше Европа што не воведе доволно остри санкции против Москва и го повика рускиот колега Владимир Путин да преговара за „да се спречат човечки жртви“, објави „Фајнешал тајмс“.

Во обраќањето до нацијата, Зеленски истакна: „Германскиот канцелар вчера зборуваше за инвазијата врз Украина, дека Европа не видела вакво нешто 75 години. Но, ова не е целата вистина. Ова не е само руска инвазија врз Украина. Ова е почеток на војна против Европа. Против европската солидарност. Против елементарните права на европските луѓе“.

Тој укажа на вториот ден од ракетните напади и борби со инвазивните руски сили „кои се слично на она што Европа одамна не го видела по Втората светска војна“ и за што кажа „никогаш повеќе“.

– Но, тоа се случува повторно. Сигурен сум дека сите вие, цела Европа го гледате ова. Но, не гледаме целосно што планирате да направите за ова, изјави Зеленски.

Украинскиот претседател праша „како планирате да се одбраните себеси, кога толку полека ни помагате на нас?“

– Ако имате борбено искуство во Европа и не сакате да ја гледате неодлучноста на политичарите, можете да дојдете во нашата земја и да ни се придружите во одбраната на Европа, што е сега најнеопходно, додаде Зеленски во изјавата објавена од неговиот прес-служба.

Тој ја нарече „изолирана Русија“ со тоа што ќе биде исклучена од финансискиот систем Свифт, ќе бидат отповикани дипломатите од Москва, ќе се воведе ембарго за нафта и ќе се спроведе зона на забранети летови во воздушниот простор на Украина.

– Сакам уште еднаш да му се обратам на претседателот на Руската Федерација. Борбите се водат насекаде во Украина. Дозволете ни да седнеме на преговарачка маса за да ги спречиме загубите на човечки животи, изјави Зеленски.