Македонија попладнево против Црна Гора го игра вториот натпревар на Европското првенство во Унгарија, според сите најави, македонскиот национален тим е апсолутен фаворит, ако им се верува на предвидувањата на обложувалниците.
Двата бода ќе значат продолжување на сонот за пласман во главната фаза, но и потврда дека оваа Македонија е на вистинските патеки. Противникот не е за потценување, особено во време кога Кирил Лазаров е само селектор, а Дејан Манасков е надвор од стројот поради тешка повреда.
Но, сетоа ова не треба да биде изговор. Момците се уверија против Словенија дека можат да се снајдат и во една ваква ситуација. Одиграа храбро и мотивирано, го изненадија противникот, кој долго време се подготвувал за Лазаров. Ракометарите кои добија шанса, дел беа непознаница за Љубомир Врањеш.