ЦРВЕН КРСТ – СТРУМИЦА:
Дедо Стојан од Старо Коњарево го прослави 95 роденден!
Заедно го прославивме роденденот на нашиот задоволен корисник од Општина Ново Село Стојан Коцев, кој е и најстар жител во општината.
Живее во село Старо Коњарево, а вчера наполни 95 години и е најстариот корисник на услугата помош и нега во домот.
Заедно со неговата негувателка Николина Стојкова му приредивме изненадување и му го разубавивме денот.