strumica denes logo

ИНТЕРВЈУ СО БОРЧЕ БУРОВСКИ ОД ИУТЕ КРЕДИТ: За кредит е потребен само мобилен телефон!

Автор:

Датум:

декември 2, 2021

Категории:

Реклама, Струмица

Автор:

Датум:

декември 2, 2021

Категории:

Реклама, Струмица

ИутеКредит е финансиско друштво кое веќе трета година успешно работи на подрачјето на Струмица овозможувајќи најбрзо и најкомфорно кредитирање на физички лица. Максималниот износ на кредит кој го одобрува ИутеКредит изнесува 200 000 денари, а рокот на отплата може да биде до 48 месеци. Покрај тоа,компанијата ја лансираше мобилната апликација MyIute преку која целиот процес на аплицирање за кредит може да го направите со мобилен телефон, за само неколку минути и без оглед на тоа каде се наоѓате. Сакајќи да дознаеме повеќе за производите и услугите на ИутеКредит и зошто оваа компанија е важна за нашиот град, редакцијата на Струмица Денес разговараше со Борче Буровски, Менаџер на експозитурата на ИутеКредит во Струмица.

Што е ИутеКредит и зошто вашата компанија е значајна за Струмица?

ИутеКредит е финансиско друштво кое одговорно кредитира физички лица кои се вработени во приватно или јавно претпријатие, пензионери, земјоделци регистрирани и нерегистрирани со докажан прилив на сметка како и секаков вид на хонорарна дејност чии приходи можат да се докажат. ИутеКредит им нуди целосна флексибилност на клиентите бидејќи секој клиент самостојно го избира износот на кредитот кој може да биде од 3.000,00 до 200.000,00 денари заедно сопериодот за отплата, а одговорот го добива за неколку минути. Се аплицира само со лична карта без заверка на документи.

ИутеКредит е значајна за Струмица бидејќи им овозможува на граѓаните на овој реон полесно да имаат пристап до финансиски средства особено преку својата експозитура лоцирана на градското корзо во близина на општинската зграда. Средствата влегуваат во економијата на овој регион и покрај директното влијание за задоволувањето на желбите и потребите на граѓаните тие остануваат да циркулираат во реонот и преку зголемената потрошувачка фирмите имаат поголеми приходи со кои можат редовно да дадат плата на своите вработени, да платат навреме фактури и успешно да функционираат.

Какви производи и услуги нуди ИутеКредит за своите клиенти и кои се условите за аплицирање?

ИутеКредит нуди брз кеш кредит до 200.000,00 денари т.е средствата откако ќе бидат одобрени веднаш се исплаќаат на наша Mastercard картичка или преку новите бескартични банкомати на ИутеКредит. Да аплицираат можат сите полнолетни граѓани на возраст од 18 до 75 години со важечка лична карта или пасош, и тоа на www.iutecredit.mk, на телефонскиот број 13 333, преку мобилната апликација MyIute, во нашата експозитура или кај нашиот кеш партнер ПроМобиле Стајл во Струмица.

Покрај тоа, ИутеКредит исплаќа и наменски кредит за купување на рати во рамките на својата партнерска мрежа која ја сочинуваат преку 100 успешни компании во Струмица и 300 компании на ниво на Македонија. Купувачите можат да аплицираат за овој кредит на самото продажно место само со лична карта и производот или услугата ја добиваат веднаш.

Споменавте дека ИутеКредит располага и со развиена партнерска мрежа овозможувајќи им на клиентите да купуваат на рати. Кој е максималниот износ на кредит кој го одобрувате, на колку месечни рати и кои се условите кои треба да ги исполнат вашите клиенти?

Партнерската мрежа на ИутеКредит во Струмица ја сочинуваат околу 100 успешни компании од најразлични дејности од бела техника, мебел, земјоделска механизација, санитарија, автоделови, производи за домаќинство и сл.

Клиентите, односно купувачите можат да аплицираат за сума до 150.000,00 денари и период на отплата до 36 месеци, а условот за алицирање е кредитобарателот да биде вработен, пензионер или да има приходи од земјоделие или хонорар.

Неодамна ИутеКредит ја лансираше и мобилната апликација MyIute која нуди подобрено и целосно дигитализирано корисничко искуство за вашите клиенти. Кои се придобивките од користењето на оваа апликација?

Myiute е мобилна апликација која на клиентите им овозможува увид во своите кредити и финансии 24/7, без оглед на тоа каде се наоѓаат. Таа овозможува аплицирање за кредит во три едноставни чекори: 1) Избирање на износ 2) Потврда на идентитетот и 3) Потпишување на договорот преку апликацијата. Покрај тоа, MyIute овозможува попуст на провизии, плаќање на ратите преку апликација, добивање на персонализирани понуди од ИутеКредит и партнерската мрежа, бесплатно прво одложување на рата и бесплатна потврда за затворање на кредит. MyIute активно ја користат преку 30 000 корисници, а апликацијата е достапна на Google Play и App Store.

ИутеКредит важи за општествено одговорна компанија која редовно поддржува проекти и иницијативи од социјален карактер. Што е тоа што вашата компанија го направи за Струмица?

ИутеКредит редовно помага онаму каде што е најпотребно како на ниво на држава така и регионално, особено во градовите каде има свои експозитури. Оваа година во Струмица дониравме машина за перење алишта и облека и обувки во Заводот за заштита и рехабилитација Бања Банско, а во специјалното општинско училиште Климент Охридски беше донирана машина за сушење облека. Ние исто така бевме генерален поддржувач на нивниот настап на специјалните олимписки игри во Струга одржани по 15 години пауза од каде натпреварувачите се вратија со неколку освоени медали.

Каде може да ве пронајдат нашите сограѓани кои сакаат да дознаат повеќе за производите и услугите кои ги нуди ИутеКредит?

ИутеКредит со цел да биде уште подостапна за нашите сограѓани веќе три години има своја експозитура во Струмица која е лоцирана на градското корзо каде ќе ве пречека љубезниот и секогаш спремен персонал и тоа од 09 до 17 часот од понеделник до сабота, а достапни сме 24/7 на телефонскиот број 13 333. Нашата веб страна www.iutecredit.mk е уште еден канал за комуникација и секако Myiute апликацијата каде клиентот може да креира свој профил и 24/7 да ги следи своите кредити и финансии и доколку има потреба да поднесе нова апликација за кредит. Исто така, клиентите може да не контактираат и преку Facebook, Viber, Instagram и Whatsapp.