Жените мотоциклисти во Струмица се собраа на хуманитарен настан за поддршка на социјално ранливи семејства и подигање на свесноста за заштита од ракот на дојката. Во организација на Bikers Garage, а за прв пат по иницијатива на жените мотоциклисти денеска се одржа настанот Lady Biker Power „Заедно против ракот на дојка“, чиј покровител е Еуромакс Ресоурцес.
Присутните на настанот можеа да донираат детски играчки, детски алишта и мебел за дечиња наменет за социјално загрозени семејства. Додека присутните жени имаа можност да направат консултација со доктор специјалист од областа за рана детекција и превенција за рак на дојка кај жените.
„Идејата за Лејди бајкер пауер, произлезе од жените моторџии и поддржана е од повеќе мото клубовите низ Македонија. Заедно со Христијанската мото асоцијација и поддршката што ја имаме од струмичкиот мото клуб „Цар тауер рајдерс“ организираме донаторска акција на која учествуваат сите присутни. Помошта е наменета за социјално загрозените семејства. Сакам да се заблагодарам на поддржувачот Еуромакс Ресоурцес и Интер косулт плус, локални фирми од Струмица без кои оваа хумана активност ќе беше невозможна“, вели Александар Божинов од Бајкерс гараж, кој е и организатор на настанот.
Христијанската Мото Асоцијација која се приклучи во организацијата на на настанот што има и хуманитарен карактер, е организација која е дел од една поголема меѓународна мрежа со седиште во САД.
„Моторите стануваат поактуелни во последните 10 години. Поради густиот сообраќај во градовите, како пример ќе го земам Скопје, со мотори е многу полесно да се движиш и полесно е за паркирање. Од тој аспект моторите имаат предности, сепак најважно е да се почитуваат сообраќајните правила и да се носи задолжителната заштитна опрема“, вели Игор Говорко од Христијанската Мото Асоцијација!
Васил Смилков од мото клубот „Цар пауер рајдер“ од Струмица ја истакнува важноста за едукација на помладите моторџии за правилата и заштитата кога се учесници во сообраќајот.
„За нас не е важно дали возачот е жена или маж, важно е да ги почитуваат правилата. Како мото клуб имаме едукативни активности и во школите да почитување на правила и најважно од се користење на заштитна опрема и кај младите моторџии“, вели Смилков.
Инвеститорот на проектот за рудник за бакар „Иловица – Штука“, Еуромакс Ресоурцес настанот го поддржа како дел од активностите од кампањата за помагање на локални проекти. Во изминатиот период компанијата реализира поголема кампања под мотото „Со акција и дела за подобар живот СЕГА и ВЕДНАШ“ со цел преку локални проекти и соработка со невладиниот сектор се поддржи и населението во Југоистокот и да се намалат последиците од здравствено – економската криза предизвикана од Ковид пандемијата.