strumica denes logo

Погледнете кои се најчестите имиња во Македонија и нивното значење?

Автор:

Датум:

ноември 17, 2021

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

ноември 17, 2021

Категории:

Струмица

На секои сто машки Македонци барем двајца се викаат Александар. Официјалната статистика поребројала дека ова е најчестото машко име зашто вкупно 23.510 Македонци го носат ова име. Кај женските имиња најчесто е Марија зашто од 1.027.868 жени дури 21.364 се викаат Марија.

Пропорцијата покажува дека на секои 50 жени во земјава една се вика Марија, а официјалната статистика покажува дека повеќе од 10.000 Македонци ги носат имињата: Зоран, Никола и Горан.

По Александар, најчесто име е Зоран и го носат 16.449 граѓани, Никола го носат 15.740 лица, а Горан 12.392 лица. На листата на најпопуларни машки имиња најретко е Стефан и го носат 8.145 лица.

Статистиката покажува дека на секои три женски бебиња кои го добиваат името Марија, по едно по добива името Ивана и Катерина кои се најмалку застапени меѓу првите 10 женски имиња. Анализата покажува идентичен сооднос и кај машките имиња. На секои три машки бебиња кои го добиваат името Александар, кумовите крстат по еден Илија или Стефан.

ЗНАЧЕЊЕ НА МАШКИТЕ ИМИЊА:

Александар – означува бранител на луѓето, заштитник на луѓето и воин.

Зоран – името има словенско потекло и означува зора, изгрејсонце.

Никола – името има грчко потекло и означува победа на народот.

Горан – името има словенско потекло и означува човек од планината.

Драган – името е со словенско потекло и означува драг, скапоцен човек.

Петар – името е со грчко потекло и означува камен, карпа.

Игор – името има руско потекло и означува војник- стрелец.

Илија – името е библиско, со еврејско потекло и означува „Господ е мој Бог“.

Стефан – името е библиско, со грчко потекло и означува круна, венец.

ЗНАЧЕЊЕ НА ЖЕНСКИТЕ ИМИЊА:

Марија – името има латинско, но и еврејско потекло. Морска ѕвезда – според латинското потекло. Според еврејското потекло можно е да значи: бунтовништво, море од горчиња.

Елена – името е со грчко потекло, македонска верзија на Хелена. Означува сончев зрак.

Билјана – старословенско име, кое означува билка, растение.

Весна – име со словенско потекло, Весна била словенска божица на пролетта, па од таму значи и пролет.

Виолета – латинско име, означува цвеќе со виолетова боја – љубичица.

Александра – бранителка и заштитничка на луѓето

Сузана – име со еврејско потекло, од зборот shoshan – лилјан или ружа, а коренот на зборот означува: радосна, весела, светла.

Катерина – име со грчко потекло, означува чиста како солза.

Ивана – еврејско име, женска форма од името Јован. Означува „Бог е милостив“.