Неурофидбек тренингот го тренира мозокот да го намали процентот на брзи бранови, да ја развие неговата способност за зголемување на брзината на мозокот кога има зголемување на умствениот напор како одговор на задачите што ги извршува индивидуата,односно да се намалат кога поединецот е во фаза на одмор.
На овој начин, мозокот веќе не е „заглавен“ во состојба на зголемена брзина, туку ја прилагодува брзината на потребите на поединецот, а симптомите на анксиозност се намалуваат со текот на времето и исчезнуваат целосно.
ДЕПРЕСИЈАТА И НЕУРОФИДБЕКОТ
Третманот на депресија е долготраен процес, кој се заснова на индивидуален пристап кон секој пациент и вклучува психотерапија, психосоцијални процедури, евалуација, фармакотерапија (антидепресиви).
Во последните дваесет години, методот на неурофидбек исто така се користи за лекување на депресивни нарушувања.
Треба да се напомене дека пациентот кој користи некаков вид на терапија, истата ја продолжува за време на третманот со неурофидбек или евентуално ја исклучува или намалува дозата само по консултација со неговиот невропсихијатар.
Неурофидбекот е научно докажан метод кој го подобрува функционирањето на мозокот и со тоа доведува до значително подобрување на симптомите кај депресивни нарушувања.
За повеќе информации обратете се кај неурофидбек терапевтот Весна Илова Ташева 077 704 440