Ристо Манчев, градоначалник на општина Босилово:
Почитувани граѓани на општина Босилово,
Голема благодарност до сите кои излегоа на гласање, а особено голема благодарност на тие кои ми ја дадоа доверба да ја водам општината. Довербата е голема, а одговорноста уште поголема. Влегов во овие избори со чесни и искрени намери и јавно се обврзувам дека ќе работам чесно, транспарентно и одговорно, а општина Босилово ќе биде сервис на сите граѓани. Убеден сум дека заедно, со посветена и одговорна работа, можеме да ја направиме општина Босилово многу поубаво место за живеење.
Босилово – општина за сите!