strumica denes logo

(ФОТО) 17 ГОДИШНАТА ДАНЧЕ МАНЧЕВСКА ОД СТРУМИЦА: Струмичани најмногу тетовираат важни и значајни периоди од нивниот живот!

Автор:

Датум:

октомври 5, 2021

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

октомври 5, 2021

Категории:

Култура

Данче Манчевска (17) која е ученичка во СОУ „Јане Сандански“ е успешна и талентирана струмичанка која ужива во уметноста и тетовирањето. Првиот допир со уметноста го доживува од мали нозе, а професионално со тетовирање се занимава шест месеци кога отвори и свое студио насловено „999“.

Манчевска за Струмица Денес вели дека струмичани најмногу сакаат тетоважи кои означуваат важен и значаен период од нивниот живот, кој вооглавно ги мотивира.

„Трендот за тетовирање во Струмица од година на година се повеќе се зголемува и се’ повеќе е застапен кај помладите генерации“ – вели Данче.

Нејзиното студио „999“ се наоѓа на улицата „Ката Поцкова“ или поточно зад „Пиликатник“. Честитки и многу успех во иднина!