„КОМУНАЛЕЦ“ СТРУМИЦА :
По објавувањето на фотографија на порталот Струмица Денес од истурен смет на улица Крушевска Република уште во раните часови Екипа од ЈПКД Комуналец излезе на терен, го собра сметот а истиот случај беше пријавен до Општинскиот инспекторат. ЈПКД Комуналец нема ингеренции и неможе да покрене никави кривични постапки ниту пак да поставува било каква опрема за видео надзор.
Се со цел да не се случуваат вакви несакани појави, освен редовното подигање на смет двапати неделно од улиците низ градот, ЈПКД Комуналец отвори и телефонска линија 13 110 на која секој ден 24 часа сите грагани кои вршат чистење на своите дворови и домови а сметот не го собира во контењерите за отпад, истиот да го пријават и во договор со диспечерската служба ке им биде кажено кога ке подигне сметот од нивниот двор.
Апелираме до сите граѓани да ја користат оваа услуга и со тоа да се запре фрлањето на смет околу контењерите. Секое такво неодговорно и непријавено истурање на смет ке биде пријавено до Општинските инспекциски служби.