ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА:
Почитувани,
Денешната објава на СДСМ дека пратеникот Костадин Костадинов е кандидат за градоначалник на Општина Струмица јасно ги потврдува сите досега објавени ставови на ВМРО-ДПМНЕ Општински комитет Струмица.
Очигледно е дека актуелниот градоначалник не ја реализираше својата програма.
Поголемиот дел од ветените проекти во изминатите 16 години останаа само на хартија, а некои од работите што беа направени останаа запоставени или веќе ги нема.
Постојат структури во СДСМ кои имаат свои посебни интереси и такви желби за кои секој не е спремен да им ги остварува.
Затоа тука е Костадин Костадинов кој е спремен да ги реализира сите оние проекти кои ќе бидат нужни за бизнис интересите на одредени кругови во СДСМ блиски до неговиот ментор Зоран Заев.
Инаку, Костадин Костадинов веќе беше Вршител на должноста Градоначалник на Струмица и веќе втор мандат е пратеник во Собранието и до сега за Струмица не сработи ништо посебно.
Тој заедно со сите партиски кадри кои ги однесоа во Скопје за Струмица не направија ништо освен за бизнис интересите на партиската олигархија која во меѓувреме се збогати несразмерно.
Затоа, тие немат доволен рејтинг помеѓу сограѓаните во Струмица.
Одлуката на Партијата на власт јасно покажа дека ќе биде направен очаен обид да се спасува што се може во Струмица и дека ќе се користат сите расположливи сретства.
Но, ВМРО-ДПМНЕ Општински комитет Струмица е спремен заедно со народот да им излезе во пресрет на сите предизвици.
На овие избори народот, струмичани, ќе им застанат на патот и ќе им покажат каде им е местото.