strumica denes logo

„СТИГА Е“ ГИ СОБРА ПОТРЕБНИТЕ ПОТПИСИ И ЌЕ УЧЕСТВУВА НА ИЗБОРИТЕ НА 17 ОКТОМВРИ!

Автор:

Датум:

август 30, 2021

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

август 30, 2021

Категории:

Струмица

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Здрава Котлина:

Почитувани, малку после полноќ, со радост ве известуваме дека е ИСПОЛНЕТ законскиот минимум за собрани потписи за општините Струмица, Босилово и Ново Село за поддршка и валидизација на зелената независна листа „СТИГА Е – фронт против рудникот и загадувачите на животната средина“, за претстојните локални избори кои ќе се одржат на 17-ти октомври, 2021 година.

Нашата борба преку „СТИГА Е!“ е различна од партиската борба. Нашата борба не е борба за политичка превласт и „седнување во фотеља“. Преку овој потег отпорот против рудникот и загадувачите се проширува и на институционално ниво. Меѓутоа, тоа не значи дека ќе престанеме со нашиот активизам преку протести, блокади, маршеви и се’ што е потребно да се спречи потенцијалниот масовен убиец на нашата природа, сулудиот проект наречен рудник „Иловица-Штука“. Нашите заложби се во насока на менување на досегашните закоравени и зачмаени гледишта во однос на заштита и зачувување на природата.

Досегашната пракса на пријавување на листи одеше исклучиво преку партиите. Тоа сега се смени! И мора да се смени, ако сакаме да се ослободиме од стегите и застарените погледи на партиските директиви. Сега е време на промена на свеста! Сега е време кога после многу години ќе си кажеме дека овој потег бил правилен, затоа што тое „камчето што ќе го пукне стаклото“! Ако оствариме пракса на пријавување на независни советници кои имаат искуство и визија, а се залагаат за заштита на животната средина, многу луѓе ќе се охрабрат и ќе видат малку надеж и бегство од заробеноста на партиските пресметки.

Изразуваме огромна благодарност на сите луѓе што се одважија и го ставија својот потпис за поддршка. Листите се отворени до утре до полноќ. Сите оние кои од разни причини не успееја да се потпишат, се уште имаат шанса да го сторат тоа и да придонесат за уште поголема поддршка за нашата независна листа.
Борбата продолжува. Нека ни’ е со среќа. Со Господ напред.