Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција со премиерот Зоран Заев истакна дека е свесен дека има различни ставови, мислења и пристапи кон вакцинацијата.
-Можам да разберам и дека одредени мерки наидуваат на негодување или дека постојат и други решенија, но она што со сигурност го тврдам е дека секоја мерка и одлука која ја носиме е насочена кон две цели, што побрза имунизација и што побрзо пресекување на патот на ширење на вирусот. Оттаму барам разбирање и поддршка бидејќи мерките го даваат овој резултат, истакна Филипче.
Филипче нагласи дека имаат постојан пораст на вакцинација, што според, како што рече, сите странски и домашни експерти е единствениот исправен пат за надминување на кризата.