ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција претстави дел од своите кандидати за градоначалници за престојните локални избори, а останатите ќе бидат соопштени во следните денови. Како што рече потпретседателот на партијата Александар Николовски, ВМРО-ДПМНЕ годинава излегува со најголем процент нова генерација на политичари кои ќе создадат нова понуда за сето она што е потребно во општините.
Новите кандидати според Николовски се нови и енергични лица, со исклучително богато професионално и лично искуство, спремни да се посветат на општините што ги водат.
Во листата е и општина Босилово, а за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори Ристо Манчев.