strumica denes logo

ЕУРОМАКС: Жени земјоделки од Штука, Иловица и Босилово најзаинтересирани за поддршкатa од Еуромакс!

Автор:

Датум:

август 6, 2021

Автор:

Датум:

август 6, 2021

Со голем интерес и силен интензитет продолжува одличната соработка помеѓу земјоделците од струмичкиот регион и компанијата Еуромакс поддржана од нејзиниот најголем инвеститор Групацијата Трафигура.Нова група од 25 жени од селата Штука, Иловица и Босилово добија приклучна земјоделска механизација како дел од проектот за поддршка на женското претприемништво, што во последните два месеци ја организира инвеститорот на проектот за рудник за бакар Иловица – Штука, во соработка со невладина организација од Босилово.

Жените земјоделки се задоволни од ваквата донација на компанијата и истовремено благодарни. Тие, или немаат, или имаат премногу стара земјоделската механизација, па така на овој начин, сите се согласни во едно – ќе имаат полесна и модерна обработка за земјоделските површини, ама и поголеми земјоделски приноси.

“Имам 25 декара ниви, аплицирав за машина во Еуромакс за фреза. Многу сум благодарна за помошта што ја обезбедија за да ги изработиме нивите. Поддршката од компанијата за нас значи многу зашто не сме во можност да ги купиме машините кои ни требаат. За проектот дознав од социјалните мрежи, апликацијата не беше тешка и аплицирав“, вели Марта Иванова од Штука, која аплицирала и добила приклучна механизација на повикот на компанијата.

Нејзината сосетка вели дека за проектот дознала од другарките и веднаш аплицирала:

„Произведуваме различни земјоделски производи – тутун, феферони, компир и слично. Аплицирав за култиватор и задоволна сум зашто сега ќе ми ја олесни работата. Кога дознав за акцијата се обратив во Еуромакс да ми објаснат како се аплицира и за 10 дена ја добив машината“, вели Ангела од Штука.
За Васка Белчева од Штука ова не е првпат да добијат поддршка од компанијата.

„Вообичаено произведуваме тутун и пиперки. Се пријавив на повикот за фреза која ќе ни ја олесни работата на нивата. Со тоа се надеваме и на подобри приходи. Сакам да истакнам дека сум благодарна на Еуромакс зашто ова не е првпат да ни помогнат. Можам да им препорачам и на други да ги следат информациите од компанијата“, вели Белчева.

Од Еуромакссе задоволни од проектот и покажаниот интерес од локалните жители. Велат дека со третата група жениземјоделкиго завршуваат циклусот од три организирани донации на земјоделска приклучна механизација за жени претприемачи од регионот. До сега со проектот беа опфатени повеќе од 60 фамилии. ОдЕуромакс веруваат дека поддршката што ја обезбедија ќе придонесе да се подобри приносот и животниот стандард на локалните жители. Иницијативата за поддршка на локални проекти, а со тоа и на заедниците во под Огражденскиот регион, произлезе како реакција на последиците од кризата која ја предизвика Ковид пандемијата. Според Еуромакс, во време на економска и здравствена криза од круцијално значење претставува поддршката на најпогодените, а тоа се индивидуалните земјоделци, сточари и малите претприемачи.

Покрај поддршката на жените земјоделки, кои први се одзваа на повикот, компанијата во изминатиот период финализираше повеќе донации и спонзорства. Тука се вбројуваат донациите за АД Водостопанство -Подружница Струмичко Поле – Струмица за изведба на градежни работи за санација на бочен преливник и зафат на вишок од води од отворен канал за наводнување како и набавка и инсталирање на потопна пумпа со соодветна контролна кутија. Потоа индивидуален проект „Да ги скршиме стереотипите”преку поддршка на првиот етно ресторан во државата со едукативен и психотерапевтски пристап за деца со аутизам. Како и поддршка на неколку сточарски фарми.