ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА:
Почитувани членови на ВМРО-ДПМНЕ, симпатизери, драги сограѓани.
На денешен ден 8 јули пред 31 година е основан општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица.
Постојат повеќе историски детали, многу спомени кои го бодрат и исправат духот на секој учесник во настаните од политичката сцена на независна Македонија.
Се разбира на овој настан му претходат и редица општествени, политички предуслови со историско значење, а пред се мислата и заложбата за зачувување на идејата на Македонското национално единство.
И какви и да биле разликите околу тоа што ќе не обедини, секогаш сме биле за самостојност, независност, народна слобода и признавање на сите наши национални идеали.
Во современиот тек на настаните понудата за 21 век треба да биде интеграции и современ стандард и ете положбата во која се најде народот во последно време не исправа пред нови и нови предизвици.
За среќа, ние ги знаеме црвените линии.
Затоа што ние ја знаеме душата на Македонија, нејзиниот код е во името на ВМРО, а нејзината демократска и обединувачка енергија во ДПМНЕ.
По тој повод Општинскиот Комитет на Струмица за утре во 20:00 часот во Градски парк (локација кај езерце) организира чествување.
На чествувањето се поканети сите наши сограѓани, членовите, поранешните и сегашни партиски претставници, семејства потомци војводите, гости од Централата.
ОПШТИНСКИОТ КОМИТЕТ НА ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА ВЕ ПОКАНУВА НА ЗАЕДНИЧКО ЧЕСТВУВАЊЕ!