Изминатиот викенд и деновиве екипа на ЈПКД Комуналец Струмица со механизација и работна екипа изврши целосно чистење на настанатата дива депонија на ул. Антон Панов. Во акцијата која траеше 5 дена беа соберени и отстранети околу 50 камиони секаков отпад.
Местото е комлетно исчистено и сега останува до совеста на граѓаните посебно на оние кои живеат околу оваа локација да покажат и докажат дека се еколошки совесни и знаат дека не треба секое празно место, нива, или плац да се користи за истурање на смет, градежен шут, и друг отпад.
ЈПКД Комуналец редовно низ цел град го подига сметот од домакинствата уредно оставен во пластичните контењери. Ги известуваме сите граѓани дека на бројот 13 110 можат да пријават секој друг свој отпад и истиот ке биде подигнат од пред нивниот двор во најскоро можно време.