ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА:
Вечерва во кругот на старата касарна се одржа средбата на пратеничките Ели Панова и Јадранка Поцкова со сограѓаните од Четврта и Петта Месна заедница.
Оваа активност на ВМРО-ДПМНЕ е продолжување на средбите со наслов Пратениците со народот.
На средбата пратеничките ги известија сограѓаните за општата политичка состојба во земјата.
Состојбите во Македонија се критични речиси во сите области.
Најважно е дека идентитетот на Македонскиот народ е постојано на маса за преговори иако власта не признава.
Не е само соседна Бугарија проблем за вето. Криминалот на власта предводена од Заев ја кочи Македонија.
Во областа на здравството познато е дека Македонија е една од земјите кои најлошо се справи ја со Корона кризата. Се уште нема вакцини, додека според смртноста сме меѓу првите во Европа.
Царовска и СДСМ не нудат дигитализација, туку обични искенирани учебници.
Дигитализација се интерактивни учебници, а не ПДФ книги, кои се само скенирани, и ништо друго. Таканаречената дигитализација треба да не чини според Царовска 120 милиони евра. Изгледа како тендер кој треба некој од власта да ја земе, а парите да завршат во нечиј џеб.
Во областа на земјоделието кое е толку значајно за нашиот крај состојбите исто така се критични. Марихуаната е главен продукт на олигархијата за другите наши продукти нема веќе интерес за одгледување, а ниту младите веќе покажуват интерес за земјоделие.
Повеќе од месец и пол нема пасоши, лични карти, регистарски таблички. Владата на Заев не си ја обавува ниту основната функција, пружање на основните услуги кои државата треба да им ги дава на своите граѓани.
Зошто постои таквата влада?
Во наредниот период ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со своите кадри и понуда на програма.
И затоа, сега во овој период ги правиме овие средби низ целата земја.
Време е да се стави крај на политиките на поделби на Заев и СДСМ, на луѓе од прв и втор ред. Македонија за сите луѓе!