strumica denes logo

По 15 јуни нема да има полициски час и ќе има дозвола за концерти?

Автор:

Датум:

јуни 4, 2021

Категории:

Здравје

Автор:

Датум:

јуни 4, 2021

Категории:

Здравје

Летото без полициски час и со концерти. Се поизвесно е дополнително олеснување на рестриктивните мерки од 15 јуни откако драстично се намали бројот на новозаразени и хоспитализирани поради Ковид-19, најави Филипче. Изминатото деноноќие за прв пат од почетокот на пандемијата во скопските болници не е примен ниту еден пациент.

-Доколку епидемиолошката слика е ваква како што е сега, по долго време немаме прием на пациент во инфективните одделенија, можно е да дојде до промена на рестриктивните мерки, рече министерот за здарвство Венко Филипче.

Во моментот во државата има околу 11.000 вакцини за прва доза, затоа и е намален опфатот. Дневно се боцкаат по 2000 граѓани, но Филипче најави дека ова ќе се промени и ќе се врати темпото со над 13.000 вакцинирани за прв пат после 10 јуни кога се очекуваат 500.000 дози од кинески Синовак, како и нови количини преку Ковакс и донациите Астра Зенека од Грција и Бугарија. За пратката со Спутник министерот вели дека се уште нема конкретен датум, биле во постојана комуникација со рускиот амбасадор и верува дека пролонгирањето нема врска со протерувањето на нивниот дипломат од земјава.

-Верувам дека не е поврзано со политика, рече Филипче.

Додека се чека македонскиот зелен пасош, Филипче вели дека граѓаните кои комплетно се вакцинирани може да патуваат во држави кои дозволуваат влез и само со сертификатот за завршена вакцинација против Ковид.