Општина Струмица:
Како транспарентна и отворена Општина којашто секогаш работи во интерес на граѓаните, ја информираме јавноста дека Општина Струмица НЕМА аплицирано со ниту еден проект на Повикот за спонзорирање локални проекти што го објави ЕУРОМАКС.
Во интерес на вистината, проектите коишто се наведени во информацијата на ЕУРОМАКС, а објавена во некои медиуми, се проекти коишто Општина Струмица ги планираше согласно своите приоритети и барања на граѓаните и ќе ги реализира со сопствени средства од буџетот на Општина Струмица.
Во овие проекти е и наведената велосипедска патека во должина од 13 километри, како и спомнатата реконструкција на основни и средни училишта.