Игор Стефановски Иџе e нашиот најдобар автомобилист кој благодарение на својот успех ја стави Македонија на светската карта на автомобилизмот.
За него брзината не е важна само додека е во автомобил туку и во останатите работи во животот па така неодамна зад воланот на црвениот Мустанг се појави и во најновата реклама на IuteCredit.
Денес со Иџе разговараме за неговите досегашни подвизи, идни планови, а ќе ни открие и зошто мобилната апликација MyIute е неговиот прв избор кога итно му се потребни финансиски средства.
Спомнувањето на Игор Стефановски секогаш е поврзано со македонскиот автомобилизам, со брзина, со трки и секако првиот и единствен Македонец што двапати бил европски првак на ридски патеки, во 2014 и 2015 година. Откако „го положи“ испитот на ридските патеки Иџе сега е во европската елита, но на кружните патеки. Зад себе има настапи во европскиот куп на туристички возила (ETCC), европскиот TCR, a сега настапува во првенството на Италија во TCR. Лани успеа и да победи на патеката Валелунга, а сезонава повторно е во самиот врв.
Зад себе има две златни кациги за освоените титули во Македонија, и тоа во периодот до 2013 година. Потоа се впушта во интернационалните води. На секоја трка вози на максимум, со максимален адреналин и мотив да победи, да биде во самиот врв. Иако автомобилизмот е скап спорт, и не секогаш зависи од квалитетот на возачот туку од парите, Стефановски успешно се бори против побогатите тимови. Спонзорите го препознаа квалитетот на Иџе и заедно успешно се борат на патеката.
* Иџе сезонава тргна добро во TCR Italy и со четвртото место на Монца покажа дека си подготвен да се бориш за самиот врв. Можеме ли да очекуваме почесто да бидеш на пиедесталот?
Иџе: Дефинитивно. Мојот мотив и цел е секогаш пласман на победничкото место, без оглед на условите и натпреварувачите од противничкиот табор. Секогаш во мојата кариера сум се трудел да бидам на врвот.
* За да се биде што подобро пласиран во авто спортот треба талент, добар автомобил, но и доста финансии. Како го „затвораш“ тој последен дел од планот за настап?
Иџе: Секако, автомобилизмот е еден од најскапите спортови во светот. Потребни се многу финансии за да учествувате на тие престижни натпреварувања, а камоли да победувате. Но, благодарение на мојот тим и заедно со моите спонзори кои ме поддржуваат сите овие години успеавме да напишеме историја за македонскиот спорт и автомобилизам.
* Веројатно некогаш имаш потреба и од кеш, пари што ти требаат итно и веднаш, а немаш време да бараш каде и како можеш да ги обезбедиш. Како го решаваш тоа?
Иџе: Многу едноставно, со мобилната апликација MyIute.
* Која е предноста со користењето на Mylute апликацијата?
Иџе: MyIute e брзо и едноставно решение кога итно ви требаат парични средства. Ми се допаѓа едноставноста на апликацијата – инсталираш MyIute, избираш износ и аплицираш. Толку. Барањето за кредит се обработува во истиот момент и за неколку минути парите се на ваше располагање.
* Барањето за кредит преку MyIute може да се достави 24 часа во период од седум дена за потоа да му се одобри кредит на потрошувачот. На пример ако е викенд, недела и неработен ден, колку време е потребно да се одобри барањето и потрошувачот да ги подигне парите?
Иџе: Можете да аплицирате во секое време, без оглед дали станува збор за работен или неработен ден, празник или викенд. Буквално кога и да ви затребаат пари, истите може да се добијат веднаш преку MyIute, а договорот се потпишува електронски.
* Си пробал ли дали функционира апликацијата кога ти си во странство и ти требаат пари?
Иџе: Секако. Апликацијата функционира од секаде, а имате и опција паричните средства да бидат исплатени директно на вашата IuteCredit Mastercard. Со неа може да ги вадите парите од банкомат, да плаќате во продажни места и да купувате преку интернет.
* Колку долго соработуваш со IuteCredit и што беше основата за соработката?
Иџе: Соработката со IuteCredit трае веќе три години, а една од најважните работи што не поврзува е брзината. Брзината не е пресудна само во автомобилизмот, туку и во сите останати работи во животот. IuteCredit е најбрзиот и најкомфорен провајдер за брзи кредити во нашата земја, а работи на најтранспарентен начин обезбедувајќи врвно корисничко искуство за своите клеинти. Дополнително, станува збор за општествено одговорна компанија која со директен ангажман и поддршка покажува дека му е потребна на нашето општество.
* Се појавуваш во новата супер реклама за MyIute, каде на прв впечаток го возиш возилото за бегство по грабеж, но си заминуваш со супер брзо одобрен кредит. Зошто го одбравте токму Mustang?
Иџе: Мустангот е една од побрзите коли за бегство после грабеж 😊. Но, на крајот излезе дека е непотребно бидејќи парите ги добивме веднаш со одобрен кредит од IuteCredit.
* Пролетва при подготовките за новата сезона пушти и кратко видео како тестираш возило од европската NASCAR серија. Би сакал ли да се испробаш и таму? Дали си подготвен на тој предизвик?
Иџе: Еден од плановите беше и настап во комплетниот шампионат на NASCAR EUROPE но поради ситуацијата со коронавирусот тоа ќе го оставиме за некоја следна сезона, но не ја исклучувам можноста да извозам некоја трка и оваа сезона.
Факти за Игор Иџе Стефановски
актуелно возило: Hyundai i30 N TCR
тим: Стефановски рејсинг
*роден: 27 декември 1982
*почеток на професионална кариера – 2001
*дебитира на кружни патеки
*прва победа во Македонија – 2003
*прва титула во Македонија – 2004
*домашни успеси – две златни кациги
*интернационални успеси – титули на ФИА европски шампионат на ридски патеки (2014 и 2015)