АЈДЕ МАКЕДОНИЈА:
На 21.05 (Петок) ќе се одржи хуманитарната акција „Нахрани 10.000“. Акцијата ќе се одржува во 5 градови и ќе учествуваат 11 организации. Ги повикуваме сите хумани граѓани да учествуваат и да донираат храна.
Препорачуваме сите хумани граѓани да донираат храна која не е лесно расиплива како: ориз, грав, сол, шеќер, брашно, тестенини, масло за готвење, грашок, конзервирана риба, супа , бисквити, кечап, леќа, конзервирано овошје и зеленчук.
Активностите на Ајде Македонија се подржани од Civica Mobilitas како дел од проектот “Одржлива мрежа за спасување на храната” 🍞🍚🍝
Во хуманитарната акција исто така се вклучи и Здружението „ВЕРА“ од Струмица. Нивниот штанд ќе биде поставен пред маркетот Киси Трејд во населбата „КАРПОШ“.