ЕУРОМАКС:
Корпоративниот магазин со информации и објаснувања на проектот за рударскиот комплекс за бакар Иловица – Штука на Еуромакс, што беше доставен до сите домаќинства во Босилово и Ново Село, достапен и онлајн
Меѓународниот инвеститор Еуромакс во општините Босилово и Ново Село подели корпоративен магазин со информации и објаснувања на проектот за рударскиот комплекс за бакар Иловица – Штука. Подготвен според најчестите прашања што ги добиваат од жителите, но и за да одговорат на најчестите дилеми поврзани со проектот, Еуромакс го наслови магазинот со насловот „Вистина. Прашања и одговори“. Желбата на инвеститорот е и во услови на пандемија и неможност да се организираат собири или јавни дебати, да ја одржи директната комуникација со секој жител во општините во Струмичкиот регион и да ги информира за сẻ што жителите сакаат да дознаат за проектот.
Брошурата, што може да ја погледнете на овој линк, е подготвена како лично обраќање на директорот за комуникации и односи со јавноста, д-р Живко Груевски кон жителите.
„Секој што е заинтересиран да се информира за проектот може да ги посети нашите канцеларии во Струмица и во Иловица и да подигне примерок од брошурата или да нẻ контактира да им доставиме печатен примерок или во електронска форма. Информирајте се изворно за особините на проектот и не дозволувајте никој да зборува во ваше име и да ви го одзема неприкосновеното човеково право на личен избор за подостоинствен и посреќен живот!“, вели Груевски.
Според Груевски развојот на проектот, односно мега странската инвестиција во рударскиот комплекс за бакар Иловица – Штука е уникатна можност за подобар и посреќен живот, во услови кога економската неразвиеност и сиромаштијата резултираат со егзистенцијална потреба за иселување од родните огништа, но и со неисполнет и несреќен живот. „Неопходни се значајни инвестиции кои ќе овозможат, како и во богати и економски развиени општини, региони и држави, да може сериозно да инвестираме во заштита на животната средина, обезбедување на високи стандарди во заштита на здравјето на своите граѓани, во нови и добро платени работни места, современа инфраструктура, нови училишта, туристички и спортски локалитети или воопшто – во достоинствени услови за живеење во својата држава “, вели директорот за комуникации и односи со јавноста, Груевски.
Корпоративниот магазин е подготвен во пет илјади примероци, од кои четири илјади беа доставени до секое домаќинство во општините Босилово и Ново Село во периодот на првомајските празници. Содржината е достапна и онлајн, но секој што е заинтересиран да се информира од печатеното издание примерок може да подигне во просториите во Струмица на адреса „Гоце Делчев“ број 58 и во Информативниот центар во селото Иловица на адреса 220а.
За повеќе информации може да се обратите и на телефоните 034 330 088 (Струмица) и 034 368 888 (Иловица).