Коста Јаневски, градоначалник на општина Струмица:
📣Еден од главните приоритети на општина Струмица во областа на противпожарната заштита е институционално опремување и зајакнување на капацитетите на Територијалната професионална противпожарна единица, со цел поефикасно справување со пожари, но и справување со кризи од природни катастрофи и елементарни непогоди.
За таа цел општина Струмица изминатиов период со свои средства, набави интервентни одела, работни униформи и заштитна опрема за сите пожарникари кои ги жртвуваат своите животи за да спасат други лица, но и имотите на сите нас.
🚒Паралелно на тоа, како Општина интензивно работевме и на изнаоѓање други начини и средства за подобрување на условите за работа на пожарникарите во Струмица, што е главен предуслов како за нивната лична заштита, така и за безбедноста на граѓаните.
Како резултат на овие активности, во овој период парелелно се спроведуваат три проекти кои се финансирани од Европската Унија, а во чии рамки ќе се набават две противпожарни возила, опрема и заштити одела за потребите на Територијалната професионална противпожарна единица на општина Струмица.
🧯Во рамките на еден од овие проекти кој е во завршна фаза општина Струмица доби донација на теренско возило за гаснење на шумски пожари, противпожарна опрема и одела, опрема за реакција во случај на поплави и друга специјализирана опрема за реакција при природни катастрофи и катастрофи предизвикани од човекот.