strumica denes logo

СТРУМИЧКОТО ВМРО-ДПМНЕ: НАРОДОТ ИЗЛЕЗЕ НА УЛИЦА И ПОЧНУВА ПАДОТ, ЗАТОА СДСМ ИМА ВАКВИ НАПАДИ И ПЛАЧ!

Автор:

Датум:

април 26, 2021

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

Автор:

Датум:

април 26, 2021

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА:

Режимот кој го воспоставува струмичкиот картел веќе влезе во терминална фаза и затоа станува бесен во ставовите.

Портпаролите биле доволно мали да не знаат каков грабеж направи СДСМ со приватизацијата кога над двесте илјади луѓе останаа без леб, додека нивните денешни шефови станаа бизнисмени.
Какви такви ете ги станаа газди и на градот, а сега мала им е и државата.
Сега СДСМ се обедини со светските картели па државата ја уназади во криминална територија позната во светот по мега афери.

Костадин Костадинов наместо портпарол на струмичкото крило на СДСМ треба да се потсети дека е Пратеник од Струмица.
Да одговори: колкав број на струмичани се вакцинирани досега има ли доволно реагенси во болницата, работи ли домот на културата, до каде се проектите ветени и слично, наместо да зборува против народен Протест каков што СДС може само да сонува.
Си дозволува да коментира илјадници граѓани излезени на улиците, додека и тој и стотина негови сопартијци во Скопје немат ништо направено за Струмица.

Но, ако бил мал да види како неговите шефови направија приватизација, доволно е возрасен денеска да знае какво предавство и пропаст направи денес СДСМ на Македонија.

Со илјадици матични броеви и со пасоши на шефови на светски мафии СДСМ планира дека ќе го експлоатира вечно македонскиот народ.

Но, народот излезе на улица.
Падот почнува и тој е веќе извесен.
Затоа СДСМ има вакви напади и плач.

Да се потсетиме како дојде на власт СДС: