Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ:
По покана на Епископ г. Партениј, денес ја посетив Свештената Бигорска Обител. Бев пречекан од братството во Бигорски Манастир Св. Јован Крстител во духот на манастирското гостољубие и запознаен со животот и мисијата на манастирот. Во топлата и пријателска атмосфера разговаравме за разни теми што се однесуваат за добросостојбата на Македонија.
Искажав голема благодарност и поддршка за благородната евангелска мисија на Владиката Партениј и на неговото братство.