strumica denes logo

Еден милион денари за хуманоста на семејството на Верица Белчовска – донација од сопствениците на „Галф Оил“

Автор:

Датум:

април 17, 2021

Категории:

Хуманост

Автор:

Датум:

април 17, 2021

Категории:

Хуманост

Семејството Стајиќ донираше исто толку и на семејството на Емилија Динева во мај лани, која беше донатор на срцето кое беше првата ваква трансплантација направена во земјава
Семејството Стајиќ, основачи и сопственици на компанијата „Галф Оил“ (Gulf Oil) донира еден милион денари на семејството на трагично починатата Верица Белчовска, кое ги донираше органите, со што нејзиното срце и бубрези спасија живот на тројца млади луѓе, на возраст од 22, 27 и 40 години.

„Да се донесе одлука да се даруваат органите на своето дете во моменти кога го губите засекогаш, потребно е многу сила, љубов и хуманост – да мислите на туѓ живот кога го губите своето најмило. Белчовски во овие моменти се неутешни и не постои збор што може да ја намали нивната болка која им ја гребе душата и не им дава мир. Луѓето кои носат вакви одлуки се посебни. Не постои човек кој не им е бескрајно благодарен, бидејќи ни покажаа дека живот сепак може да се подари“,

велат од семејството Стајиќ, изразувајќи длабоко жалење до фамилијата за прераната загуба.

Семејството Стајиќ лани во мај, донираше исто така еден милион денари на семејството на Емилија Динева, чии органи беа донирани за да се спасат 3 други животи.

„Нашето семејство изразува длабоко сочувство до семејството Диневи и воедно им изразува огромна благодарност за хуманиот гест кој им овозможи на 3-ца да ги продолжат своите животи. Можеме само да замислиме низ што поминуваат и се надеваме дека барем малку можеме да им помогнеме. Треба да се горди“,

објавија тогаш Стајиќ, со надеж дека ова ќе мотивира и други да го следат примерот и да продолжат да се спасуваат човечки животи, да се најде барем малку среќа во било која несреќа.