„Горан Пандев е светилник на својата земја Македонија. Никој не однел на Европско една таква стара нација која годинава слави 30 години независност. Голови, насмевки, радост, алтруизам, класа. На 37 години Пандев е сè ова. Но тој е гордост на уште еден стар народ, а тоа се Џеновезите“.
Ново интервју со капитенот, овој пат шаренолико за официјалниот канал на Џенова. За животот покрај море, запознавањето со Надица, улогата на татко, спомените од детството па сè до најубавите голови и врвните успеси со Македонија. За иднината вели дека е нерешителен.
Во Џенова живееш 6 години, но си бил ли толку блиску од светилникот?
– Не, прв пат доаѓам. Навистина е многу убав и спектакуларен.
Твојата убава земја Македонија не излегува на море, но сигурно и вие имате некаков симбол, нешто слично како светилникот за нас Џеновезите.
– Македонија е земја на планини и има многу убави нешта. Во мојот роден град има симбол како што е овој светилник во Џенова. Се вика Св.Илија, не е голем колку светилников, но сепак ни значи многу на нас кои сме од Струмица.
Целосното интервју може да го погледнете со кликнување ОВДЕ.