strumica denes logo

КОМПАНИЈА ОД НОВ ЗЕЛАНД: Оживува идејата на Никола Тесла за бежичен пренос на струја!

Автор:

Датум:

април 9, 2021

Категории:

Наука

Автор:

Датум:

април 9, 2021

Категории:

Наука

„Емрод“ е името на компанијата од Нов Зеланд којашто работи на оживување на идејата на Никола Тесла за бежичен пренос на електрична енергија, објави Економист.

Од „Емрод“ тврдат дека напредокот на технологијата во изработка на радари и материјали денес овозможува развој на прототип за пренос на струја на големо растојание преку електромагнетни бранови, кој би функционирал за комерцијална употреба.

Оттаму веќе склучиле договор со „Пауерко“, диструбутерот на струја во Нов Зеланд за развој на прототип систем за тестирање на новата технологија.

Во друг одделен проект, се планира да се спроведе струја преку воздух од соларна фарма до корисници оддалечени на неколку километри.