strumica denes logo

ФРЛАЛ ОТПАД КАЈ МАКЕДОНСКА КУЌА, А ОТКАКО БИЛ ПРОНАЈДЕН ИСТОТО ГО СОБРАЛ И ДОБИЛ КАЗНА!

Автор:

Датум:

април 7, 2021

Категории:

Екологија

Автор:

Датум:

април 7, 2021

Категории:

Екологија

„КОМУНАЛЕЦ“ – СТРУМИЦА:

По добивањето на фотографија како се фрла отпад покрај Македонска куќа ЈПКД „Комуналец“ контактираше со Јавниот комунален инспекторат, лицето беше пронајдено и истурениот отпад беше соберен од страна на истото и депониран во депонијата Шапкар. Воедно лицето ќе биде соодветно казнето во постапка која ја продолжува комуналниот инспекторат. Со оваа постапка ги охрабруваме сите граѓани кои забележат фрлање на отпад да ги фотографират сторителите како би можеле да ги пронајдеме, да го исчистат отпадот кои го фрлиле, а комуналниот инспекторат да покрене понатамошна постапка. Сепак како Јавно Комунално Претприатие им стоиме на услуга на сите граѓани кои ке се јават дека имаат отпад со тоа што ке го подигнеме од пред нивниот двор во најскор можен рок по пријавувањето.