Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струмица започнува со акција на ажурирање и зачленување нови членови. На денешната прес-конференција Претседателот на Комитетот Жан Дрвошанов ја најави акцијата и ги повика струмичани да се приклучат на неговата партија заради заеднички настап на граѓаните против недоследните ветувања и неработа на актуелната локална и државна власт.
ПОЧИТУВАНИ СОГРАЃАНИ,
ВМРО-ДПМНЕ ЗАПОЧНА АКЦИЈА ЗА АЖУРИРАЊЕ И ЗАЧЛЕНУВАЊЕ НОВИ ЧЛЕНОВИ СО ЦЕЛ ДА ЈА ЗАСИЛИ ПОДДРШКАТА НА ВИСТИНСКИТЕ ВРЕДНОСТИ И СТАНДАРДИ ВО МАКЕДОНИЈА.
ИНТЕРЕСОТ ЗА ЗАЧЛЕНУВАЊЕ РАСТЕ ЗАРАДИ ПРАВИЛНИТЕ СТАВОВИ ПРОТИВ РЕТРОГРАДНИТЕ ПОЛИТИКИ НА ВЛАСТА.
ДРАГИ СОГРАЃАНИ,
ВОДЕНИ ОД ИДЕЈАТА ЗА НАПРЕДОК НА ЗАЕДНИЦАТА ВЕ ПОВИКУВАМ ДА НИ СЕ ПРИДРУЖИТЕ;
ЗАЕДНО ДА РАБОТИМЕ И, ДА НАЈАВИМЕ НОВА ПОБЕДА И ДА СИ ЈА ЗАЧУВАМЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!
ЗАЕДНО ДА ПОБАРАМЕ ОДГОВОР ОД ОПШТИНА СТРУМИЦА: КОЛКУ ПРОЦЕНТИ ОД ВЕТЕНИТЕ ПРОЕКТИ СЕ РЕАЛИЗИРАНИ И, КОИ СЕ КАПИТАЛНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ ЗА ЧЕТИРИ МАНДАТИ И ШЕСНАЕСЕТ ГОДИНИ ЛОКАЛНА ВЛАСТ ДО СЕГА.
ЗАЕДНО ДА ЈА ПРАШАМЕ ОПШТИНА СТРУМИЦА ШТО РАБОТИ КРИЗНИОТ ШТАБ ЗА ДА ГО СПРЕЧИ ПРОДЛАБОЧУВАЊЕТО НА ЗДРАВСТВЕНАТА КРИЗА.
ДАЛИ СЕ ДОВОЛНИ МЕРКИТЕ И КАКО ИМ СЕ ПОМОГНА НА МАЛИТЕ И СРЕДНИ КОМПАНИИ ЗА ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈАТА.
ЗАЕДНО ДА ГО ПРАШАМЕ ПРАТЕНИКОТ НА ВЛАСТА ОД СТРУМИЦА КОСТАДИНОВ: КАДЕ СЕ ВАКЦИНИТЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ НАЈАВЕНИ ОД НЕГО ЗА МЕСЕЦ ФЕВРУАРИ; НАЈАВЕНО БОЛНИЧКО ВОЗИЛО ДО МЕСЕЦ ДЕКЕМВРИ И НОВИ ВОЗИЛА ДО МАРТ?
КОНЕЧНО, СИТЕ ЗАЕДНО ДА РАЗБЕРЕМЕ ОД ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ КОЛКУ СЕ ЗАЦЕМЕНТИРАНИ МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ.
ПОЧИТУВАНИ,
СЛЕДУВАТ ДЕНОВИ ВО КОИ НАШАТА ОДГОВОРНОСТ КОН ИДНИНАТА ЌЕ НЕ ИСПРАВИ ПРЕД СЕРИОЗНИ ОДЛУКИ.
ЗАЕДНО ДА ЈА СОБОРИМЕ КОРУПТИВНАТА И НЕСПОСОБНА ВЛАСТ!
ЗАЕДНО ДА ДАДЕМЕ КОНСТРУКТИВЕН ПРИСТАП СО ИДЕИ, ПРЕДЛОЗИ И ПРОГРАМА ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ ОД ЗДРАВСТВЕНАТА, ЕКОНОМСКА И НАЦИОНАЛНА КРИЗА.
ЗАТОА: НАШИТЕ ПРОСТОРИИ СЕ ОТВОРЕНИ СЕКОЈ ДЕН И МОЖНОСТА ЗА СОРАБОТКА И АКТИВНОСТ СЕ ЕДНАКВО ДОСТАПНИ ЗА СЕКОГО.
ВИ БЛАГОДАРАМ !
Видео линк: https://www.facebook.com/zandrvosanovvmrodpmne/videos/448268376408593