Полицискиот час продолжува до 5 април. Ова денеска го најави министерот за здравство Венко Филипче.
Полицискиот час продолжува. Забраната за движење е од 22:00 часот до 05:00 часот наутро. Комисијата за заразни болести во текот на следните денови согласно епидемиолошките анализи ќе утврди дали се потребни и дополнителни рестрикции. Апелирам на почитување на мерките. – објави Филипче.
Владата неодамна донесе одлука за полициски час во периодот од 22 часот вечерта до 05 часот наутро, која истекува утре, но истата како што најави министерот за здравство ќе биде продолжена.
Евентуалното заострување на рестриктивните мерки ќе зависи од развојот на епидемијата.