Зоран Заев – премиер на Република Македонија:
Денес, за првпат во тридецениското постоење на плурализмот во Северна Македонија, токму членовите на СДСМ избираат претседател на директни, внатрепартиски избори.
Заедно испишуваме историја практикувајќи највисоко ниво на внатрепартиска демократија.
Ова е нова, додадена вредност, нов стандард на македонската политичка сцена, поставен од најдемократската, најпрогресивната, модерна и европска партија – СДСМ.