📣Струмица беше град домаќин на денешната средба за унапредување на средното стручно образование, а во рамките на заложбите на Министерството за образование и наука за спроведување реформа на средното стручно образование.
✅На средбата којашто се одржа во домот на АРМ присуствуваа претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, министерката за образование и наука Мила Царовска, амбасадорката на Швајцарија, Сибил Сутер Тахада, директори на средните стручни училишта, претставници на Стопанската комора и бизнис секторот.
✅Имајќи го во предвид фактот дека таа реформа има за цел – креирање квалификуван и стручен кадар по мерка на компаниите и задоволување на потребите на пазарот на трудот, ваквиот крупен чекор на Владата и ресорното министерство заслужува внимание, почит и поддршка од сите чинители на нашата заедница и општество. Имплементирањето на реформата овозможува повеќеслојни бенефити, како за подобрување на квалитетот и соодветноста на средното стручно образование, така и за задоволување на потребите на компаниите од кадар кој би бил компатибилен со нивните дејности.
✅Од друга страна, тоа за една општина и за државата, би значело крупен исчекор кон економски развој кој неминовно донесува поголем стандард и зголемување на квалитетот на живеење. Таквиот стремеж кон повисоки цели треба и мора да биде наш заеднички приоритет.