strumica denes logo

ПЕЧАТОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ЗАЧУВАН ВО СТРУМИЦА!

Автор:

Датум:

февруари 4, 2021

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

февруари 4, 2021

Категории:

Струмица

Во Струмица во семејството со потекло од Кукуш сочуван е печат за обреден христијански леб од 19 век. Со ваков печат за леб добиен од црквата Свети Ѓорги над тогашен Кукуш, Султана Делчева го подготвувала лебот за сите поважни празници во семејството и сите молитви до Господ да се сочува нејзиното семејство.

Со сопругот Никола имале пет ќерки и четири сина. Руша, Цоца, Гоце, Тина, Велика, Димитар, Милан и Христо. Во националноослободителните борби за Македонија Султана која на 4ти февруари го родила најголемиот син на Македонскиот народ Гоце Делчев, изгубила три сина Гоце, Димитар и Милан.Починала во 1907 година, а нејзиниот сопруг ја доживеал несреќата во 1913та година да биде дел од прогонот на својот народ од родниот дом.

Печатот за лебот со кој се хранеле и воспитувале синови на македонскиот народ како доказ за својата верност кон Бога и кон слободата, струмичани го сочувале до денешен ден.