УМС ВМРО-ДПМНЕ ВАСИЛЕВО:
Пародија на УМС ВМРО-ДПМНЕ Василево:
Улично осветлување во Василево!
Членови на УМС ВМРО-ДПМНЕ Василево преку пародија укажаа на неажурноста на локалната самоуправа и Градоначалникот Марјан Јанев во одржувањето на јавното осветлување. Обврска на општина Василево е одржување на јавното осветлување , за кое всушност плаќаат сите граѓани .
Младите од Василево сами ги осветлија улиците со импровизација на фенери. Неколку улици во населеното место Василево повеќе од еден месец немаат улично осветлување и покрај тоа што поголем дел од населението ги плаќа редовно своите обврски.