Коста Костадинов, пратеник од редовите на СДСМ:
На мое огромно задоволство денеска Парламентарниот пленум ми даде поддршка да бидам шеф на делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Совет на Европа.
Како членка во Советот на Европа, Северна Македонија ги споделува истите цели.
Заштита на човековите права, плуралистичката демократија и владеење на правото.
Промовирање и стимулирање на развојот на европскиот културен идентитет и разноликост.
Наоѓање на заеднички решенија на проблемите во европското општество: како дискриминација на малцинствата, ксенофобија, нетолеранција, клонирање, тероризам, шверц на луѓе, организиран криминал и корупција, интернет криминал, насилство врз деца.
Убеден сум дека со заеднички напори, со владата, со сите колеги пратеници ќе ја претставуваме државата како што таа заслужува, негувајки и пренесувајки ги европските вредности.
- Инаку, Костадинов исто така е и претседател на парламентарната група за соработка со конгресот на САД, две значајни функции со кои никогаш досега никој нема располагано.