На своите 14 години, струмичанецот Зоран Христов создава маестрални дела од кои многумина се воодушевени.
Христов со цртање се занимава од 2015 година и за портал Струмица Денес изјави дека цртањето за него претставува секојдневние.
Покрај својот талент, Зоки е прекрасно и културно момче кое било кога и да го сретнете, постојано е насмеан!
За неговото име сме убедени дека допрва ќе слушаме.
Во продолжение погледнете некои од неговите дела: