Општина Струмица ги реализира планираните инвестиции од Програмата за образование за оваа година и ги подобрува условите за воспитно – образовниот процес во училиштата.
Во ООУ „Сандо Масев“ во Струмица се врши реконструкција на дел од покривот, односно, на спортската сала со соблекувалните и преден дел на училиштето. Реконструкцијата опфаќа демонтажа и замена на дотраениот од салонид покрив со поставување панел сендвич и вертикални и хоризонтални олуци.
Во ООУ „Даме Груев“ во Куклиш се поставува термоизолациона фасада на стариот дел од училиштето.
Во ООУ „Св.Кирил и Методиј“ во Дабиле се обезбедени 4 смарт табли и 10 компјутери.