Дедо Мито кој има 101 година деновиве бил на лов заедно со претседателот на ЛД Беласица-Струмица – Марјан Даскаловски. Официјалната фејсбук страница на ЛД Беласица напиша дека дедо Мито е гордост и се надеваат дека уште многу години ќе го гледаат на терен. Во продолжение целосната објава:
„Гордост наша е дедо Мито Аризанов. Дедо Мито има 101 година, уште е здрав и жив а и така ќе остане. Деновиве дедо Мито беше активен на терен на свои 101 година заедно со претседателот Марјан Даскаловски кој беспрекорно се грижи за дедо Мито години и години наназад.“