strumica denes logo

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУМИЦА ОБЈАВИ: ОБЕЗБЕДИВМЕ 130 ТАБЛЕТИ НА УЧЕНИЦИ КОИ НЕМААТ ЕЛЕКТРОНСКИ УРЕДИ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА НАСТАВАТА!

Автор:

Датум:

септември 28, 2020

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

септември 28, 2020

Категории:

Струмица

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Коста Јаневски, градоначалник на општина Струмица:

Со цел да се овозможи сите учениците да се приклучат на Националната платформа за образование, Општина Струмица обезбеди и додели 1️⃣3️⃣0️⃣ таблети на учениците кои немаат електронски уреди за следење на онлајн настава.

Околу 100 таблети беа обезбедени од компанијата Еколог, додека 30 таблети беа донирани од страна на Детската Фондација Песталоци од Троген, Швајцарија во соработка со МЦГО од Скопје во рамки на спроведувањето на проектот „Јакнење на мултиетничката соработка во општините“.

Целта на проектот е да се подобри меѓуетничката интеграција во образованието преку спроведување на наставни и воннаставни активности со ученици од различно етничко потекло и на тој начин да се даде придонес кон зајакнувањето на мултиетничката соработка и толеранција во општините.

Во овој проект учениците од различна етничка припадност ги развиваат вештините и компентенциите за интеркултурно образование преку активно учество во различни активности (заеднички секции, мешани часови, фокус групи, анкети) и имаат можност да запознаат други ученици кои следат настава на друг јазик, повеќе пријателства меѓу учениците од различна етничка припадност во и надвор од училиштето, наставниците применуваат интеркултурно образование во редовните часови, подобрување на наставата и практиките на учење по предметот Граѓанско образование.