Постојат многу начини за конзервирање на доматите, но во последните години се издвојува рецептот за сушени домати во масло.
Состојки:
- 3 кг домати
- 3 тегли
- по потреба маслиново масло
Инструкции:
- Доматите се мијат и се бришат од вишокот вода, се сечат на осминки или четвртинки во зависност од големината на доматот.
- Доколку имате сушара на зеленчук, доматите сушете ги на вообичаен начин се додека не се исушат. Нагласувам дека доматите не смеат да се пресушат, не смее да биде тврдо, т.е. треба да биде малку меко.
- Во рерна, исечените домати се редат во тава врз хартија за печење и се ставаат во рерната вклучена на околу 60 до 70 степени. Вратата на рерната се остава да биде малку подотворена за да може па излегува настанатата пареа. Доматите се оставаат, обично преку ноќ, 7-9 саати, но ако е потребно и подолго. Ако парчињата домати се помали ќе им треба помалку време за сушење и обратно.
- Откако доматите се исушени и оладени тие се редат во мала тегла, добро се притискаат (да нема многу празнина) и се залеваат со масло, подобро секако е тоа да се направи со маслиново масло.
- Велат дека може да се чуваат на собна температура, но јас ги чувам во фрижидер. Од 3 кг домати се полнат обично три мали тегли.
- Напомена: доколку сакате да добиете ароматни домати, тогаш во теглата на дното се ставаат гранчиња од рузмарин, неколку мали сечкани чешлиња лук, или зачин по желба и вкус.