strumica denes logo

СТРУМИЧКАТА ПОЛИЦИЈА СО КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ЛИЦЕ КОЕ НЕ БИЛО ЗАТЕКНАТО ВО НЕГОВИОТ ДОМ, А ИМАЛ РЕШЕНИЕ ЗА ИЗОЛАЦИЈА!

Автор:

Датум:

септември 18, 2020

Категории:

Хроника, Здравје

Автор:

Датум:

септември 18, 2020

Категории:

Хроника, Здравје

СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.А(44) од с.Градошорци, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пренесување заразна болест“ и „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“. Пријавениот, на 19.08.2020, при контрола од полициски службеници од СВР Струмица не бил затекнат во неговиот дом, иако имал Решение за изолација во периодот од 14.08.2020 до 25.08.2020.