strumica denes logo

КОСТА ЈАНЕВСКИ: ДАДОВ ЗБОР ДЕКА ЌЕ ГО РЕШИМЕ ПРОБЛЕМОТ ВО НАСЕЛБАТА „СОФИЛАР“, УПОРНО РАБОИМЕ НА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ДАДЕНИОТ ЗБОР!

Автор:

Датум:

септември 1, 2020

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

септември 1, 2020

Категории:

Струмица

Уште на почетокот од мојот мандат дадов збор дека ќе го решиме проблемот на жителите од населбата Софилар и во изминатиот период со општинската администрација упорно работевме на реализација на дадениот збор.

Знам дека помина доста време и граѓаните беа нестрпливи и многу често реагираа, но мора да признаеме дека овој долгогодишен проблем не беше лесен за решавање, бидејќи беше неопходна и нивната поддршка.

➡️Уште во декември 2017 година одржавме средба со жителите од населбата на којашто се договоривме да се забрза процесот со урбанизацијата на бесправно изградените објекти, односно, доставување на елаборатит за да може да се изготви Деталниот урбанистички план.

➡️Легализацијата на бесправно изградените објекти е веќе завршена, се направи нова ажурирана подлога со снимање на сите изградени објекти што е важен услов за донесување на Деталниот урбанистички план за блоковите 39 и 40.

➡️Со задоволство сакам да најавам дека утре со почеток во 14 часот во просториите на домот на АРМ, ќе се одржи јавна презентација на Деталниот урбанистички план и ги поканувам жителите на населбата Софилар да присуствуваат на оваа презентација, да ги кажат своите забелешки за да може да се вметнат во конечната верзија на овој план.