strumica denes logo

ЗАТВОРЕН ПУНКТОТ ЗА КОВИД-19 ВО СТРУМИЦА ПО ИЗЈАВАТА НА ВМРО-ДПМНЕ ДЕКА БРИСЕВИ СЕ ЗЕМААТ ВО СТАНБЕНА ЗГРАДА!

Автор:

Датум:

август 28, 2020

Категории:

Здравје

Автор:

Датум:

август 28, 2020

Категории:

Здравје

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) го затворил пунктот за земање на брисеи за тестирање на ковид во Струмица, по реакциите на пратеникчката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ – Др. Јадранка Поцкова, дека тој се наоѓа во станбена зграда.

Како што објави „Фокус“, ДСЗИ го задолжил директорот на Центар за јавно здравје Струмица тие веднаш да најдат соодветна локација во рамките на ја вна здравствена установа каде што ќе може граѓаните да даваат брис.

Др. Јадранка Поцкова изјави дека единствениот пункт за оваа намена во Струмица е сместен во просторија во сопственот на општината, но која е во станбена зграда чии станари секојдневно доаѓаат во контакт со лица потенцијални носители на корона вирусот, а досега и позитивние пациенти таму ги правеа контролните тестирања.